СДСМ Куманово: Салиевски, советник од ромската заедница е нападнат физички од тимот на Димитриевски

Салиевски истакна дека ќе поднесе кривична пријава против напаѓачот и кривична пријава за клевета за Николај Павловски, портпарол на Димитриевски.

Советникот на СДСМ и коалицијата Самет Салиевски бил физички нападнат од Реџеп Реџеповски, советник од тимот на Максим Димитриевски. Случајот е пријавен во СВР Куманово од страна на Самет Салиевски.

На прес-конференција Салиевски изјави дека е нападнат само еден ден од официјалното објавување на коалицијата на Димитриевски со режимското ВМРО. И дека веднаш почнаа насилствата врз Ромите коишто беа редовни во времето на режимот.

Салиевски истакна дека ќе поднесе кривична пријава против напаѓачот и кривична пријава за клевета за Николај Павловски, портпарол на Димитриевски.

– Реџеповски без причина ме удри во главата, побарав лекарска помош, имам повреда и случајот го пријавив во полицијата. Ние се бориме никогаш повеќе Ромите да не не влечат за учи. Овој режим на Димитриевски е режим на Груевски. Ние Ромите сме мирни луѓе, но тимот на Димитриевски сака да ги продолжи насилствата врз Ромите – изјави Салиевски.

 

Related post