Несреќа на македонски автобус во Италија, еден патник пренесен со хеликоптер, еве каква е состојбата со повредените
Пеколна сообраќајна несреќа се случила вчера во Италија, каде во тунел автобус на македонска туристичка агенција, се судрил со два камиони.
Според првичните информации, најверојатно автобусот прво се судрил со едниот камион, а потоа налетал и вториот камион, полн со шишиња со алкохол.
Возачот на автобусот загинал, а 12 лица биле повредени и пренесени во болниците во Анкона, Фермо и Сан Бенедето.
Седум амбулантни возила стигнале на местото на несреќата. Во автобусот имало 12 патници, меѓу кои и две деца, и двајца возачи.
Седум од полесно повредени се пренесени во Сан Бенедето, две лица во итната медицинска помош во Фермо, додека две во болницата во Анкона. Едниот бил пренесен со хеликоптер, додека другиот со амбулантно возило. Ниту еден од патниците не е во животна опасност.