НЕФОРМАЛНА СРЕДБА НА ИНТЕРПАРТИСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА ПОДДРШКА НА РОМИТЕ

Членовите на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Ромите (ИППГ) денеска одржаа работна средба во Собранието.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на консултативната – неформалната средба координаторката на ИППГ, Љатифе Шиковскa предлоджи во името на граѓанскиот сектор, секој последен четврток во месецот членовите на ИППГ да можат да постават пратенички прашања поврзани со потребите на Ромите.

-Во таа насока, Шиковска рече дека прашањата од областа на образованието, здравството, вработувањето, дискриминацијта и други предизвици со кои се соочуваат Ромите во државата, ќе добијат поголема видливост во јавноста. Членовите на ИППГ го прифатија предлогот на Шиковска и за организирање на средба со граѓанскиот сектор, бидејќи, како што посочија, одблиску ќе бидат запознаени со реалната слика за потребите на Ромите, посочија од собраниската прес-служба.

Дел од членовите на ИППГ, како што велат, предложија да се дејствува и на локално ниво, односно локалните заедници преку писмо да ги информираат за интересите на ромската заедница во дадената општина.

Шиковска рече дека идејата е прифатлива и за Националниот демократски институт кој постојано дава поддршка на Собранието

Related post