Николовски: Започнуваме со реализација на проектот „Здрава ужинка за сите ученици“
Во текот на вчерашниот ден е направена дистрибуција низ Општина Центар и Шуто Оризари на повеќе од 200 тони јаболка. Со тоа, официјално започнува реализацијата на проектот „Здрава ужинка за сите“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Проектот за прв пат се воведува преку Програмата за откуп на свежо овошје зеленчук млеко и млечни производи. Денес се продолжува со дистрибуција на јаболка низ другите општини во градот и државата.