Одлучено е да се вратат старите цени на осигурителните полиси при регистрација на возила
Комисијата при Министерството за финансии по денешениот состанок донела одлука со која се предлагаат измени на тарифата за премии за осигурување со кои трошоците за вршење дејност на осигурителните компании се ограничуваат на 15 до 30 отсто од техничката премија, со што ќе се вратат старите цени. Конечната одлука по предложените измени треба да ја донесе Владата
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии одлучи да се укине поскапувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност и да се вратат старите.
Од Министерството за финасии попладнево соопштија дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност утврдила потреба од измени на тарифата за премии за осигурување и подготвила предлог-измени со кои се враќа цената на осигурувањето за автоодоговорност на ниво како пред 25 април годинава.
Одлуката е епилог по денешниот нов состанок во Министерството, откако осигурителните компании самоиницијативно ја поскапеа задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила за 15,4 отсто.
Со нивните одлуки цената на полисата за задолжителното автоосигурување од страна на осигурителните компании поскапе за 15,44 отсто за регистрација на возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 до скоро 1 600 денари во зависност од моќноста на возилото.
На состанокот во понеделникот, Агенцијата за супервизија на осигурувањето побара враќање на старите цени, но осигурителните компании останаа на своите одлуки за нивно поскапување.
Комисијата при МФ предлага измени на тарифата за премии за осигурување со кои трошоците за вршење дејност на осигурителните компании се ограничуваат на 15 до 30 отсто од техничката премија, со што ќе се вратат старите цени.
Конечната одлука по предложените измени треба да ја донесе Владата.
„Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15 отсто до 30 проценти, во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30 отсто, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Ова значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година“,
Дополнително, велат оттаму, е утврдено Комисијата најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.
Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), која е регулатор на пазарот на осигурување денеска соопштија дека целосно е неоправдан потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност, како и дека зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците.
До надлежната комисија при Министерството за финансии, Агенцијата достави анализа во која се содржани клучните аргументи против зголемување на цената на осугурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.