Османи: Дали да нацртам? Нема влада без Бадентер кој ќе го обезбеди ДУИ

„Никогаш наша цел не била да бидеме посакуван партнер на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, туку да бидеме посакуван партнер на народот. Од Охридскиот договор произлегуваат две мнозинства, 61 како апсолутно мнозинство и мнозинство по Бадентер. Тоа обезбедува владина стабилност, но за жал некои го истакнуваат само мнозинството од 61 пратеник и тоа е закана и за славното востание од 2001 година“, одговори потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи на новинарско прашање: „Со кого Европскиот фронт ќе влегува во владина коалиција кога ДУИ и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ не е посакуван партнер. Потоа влезе во полемика со новинарката.

На потсетувањето дека по претходните парламентарни избори ДУИ влезе во влада со СДСМ иако таа партија не победи, со што беше нарушено правилото „победник со победник“, Османи одговори дека повторно не се разбира суштината.

„Рамковниот договор има механизам за заштита на немнозинските заедници, а не е создаден заради мнозинската заедница. И затоа, покрај 61 пратеник како мнозинство, се бара и бадентерово мнозинство. Оттука се јалови сите обиди да се потцени волјата на немнозинското население“, рече Османи.

„Што доколку некој формира влада без ДУИ, обезбедувајќи 61 пратеник, што тогаш?“, доби ново прашање Османи.

„Тоа е веќе навредливо прашање, затоа што без двојно мнозинство, според Рамковниот договор не може да има функционално Собрание и Влада и не се однесува само за Албанците, туку за сите немнозински заедници“, рече Османи според кого изборите ќе бидат референдум за соживот

Related post