Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
Левица подаваат рака за постизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Повикот за соработка стига само една недела откако партијата на Апасиев го одби Мицкоски кој пак, повика на обединување со цел сигурна смена на власта на СДСМ и ДУИ.
Левица би влегле во владина коалиција, како што велат, да не се направат измените со кои се внесуваат Бугарите во Уставот.
Партијата нуди и Манифест до македонските партии за унитарност, потоа за една изборна единица со забрана за етнички партии, за укинување на исторската комисија со Бугарија, строга секуларност и строга контрола за употребата на државни симболи.
Уставните измени се дел и од барањата на албанската опозиција Вреди, од каде вчера испратија јасни заложби со ВМРО-ДПМНЕ да ја формираат идната Влада, но без рокови за нивно усвојување.
Албанската опозиција бара и место во секторот внатрешни работи задолжен за борба против корупцијата, но и идниот шеф на државата да се избира во Собрнаието со 2/3 и бадентерово мнозинство. Од таму децидни дека не би сакалае да бидат во иста Влада со левица.
Од ДУИ пак, велат дека не мое да се зборува за владина коалиција кога не се познати резултатите од 8 мај.
Мицкоски пак, одговоара дека граѓаните јасно кажуваат кој треба да ја води идната влада. тој со предупредување до помалите партии кои самостојно настапуваат да не ветуваат позиции бидејќи договор со нив се уште нема.
Мицкоски сепак, вчера потврди дека е во контакт со ЗНАМ на Максим Димитриевски.