#NEVIPE

ПЕНДАРОВСКИ ВО ШТИП, СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ВО РЕСЕН Втор ден од кампањата за претседателските избори

Предизборната кампања за претседателските избори денеска продолжува со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани.

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, ќе одржи отворена дискусија на тема: „Членство на Северна Македонија во ЕУ, до 2030 година“ со учество на академски претставници, студенти и невладини организации.

Настанот ќе се одржи во дворот на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во 11:00; Кандидатот за претседател ќе одржи прес-конференција по настанот во 11:30 часот.

Прес-конференција ќе одржи и Коалицијата „ВРЕДИ“ и кандидатот за претседател Арбен Таравари. Настанот е закажан во 12 часот во Канцеларијата кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата во Вевчани, Струга и Ресен. Настанот во Вевчани ќе започне во 17 часот, во Струга во 18.30 часоти во Ресен во 20:30 часот.

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“. Тој денеска ќе ги посети Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница и Кочани.

Прес-конференција на политичката партија АВАЈА во хотел Мериот во 11 часот.