Пендаровски за Филипче: Многу човечки животи се спасени заради неговите интервенции
Ова за Филипче го рече актуелниот и кандидат за претседател Стево Пендаровски на вчерашниот митинг во Радовиш во рамки на неговата агенда за претстојните претседателски избори.
Тој за Филипче упати пофални зборови, како за неговата големина како човек и достапност во кое било време, така и за неговата професионалност, за разлика од неговиот противкандидат Николоски во ИЕ 4, кој целиот свој живот нема еден ден работен стаж.
Филипче сега да посака може да биде хирург каде сака во светот и за еден месец да заработи повеќе од годишна плата и на пратеник и на министер и на претседател“, рече Пендаровски во Радовиш.