ПЕНДАРОВСКИ: Не постои ни еден кој побарал помош од мене, а да не сум се обидел да му помогнам

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски се обрати пред граѓаните на Пробиштип и повторно ја побара нивната поддршка на 24 април и на 8 мај.

„Не постои еден единствен граѓанин кој сакал да ме види, да поразговара со мене, а да не сум го примил. Не постои ни еден кој побарал помош од мене, а да не сум се обидел во рамки на моите можности, да му помогнам. И не постои ниту еден граѓанин, човек во нашава држава кој може да каже дека сум го деградирал, дека сум го дискриминирал, дека сум го понижил, дека сум го навредил само затоа што не е од оваа политичка структура, само затоа што не е Македонец, или од која било вера и да е“, потенцираше Пендаровски.

Пендаровски рече дека граѓаните не смеат да им веруваат на политичари чии ставови се менуваат во зависност од тоа дали ги кажуваат јавно или зад телевизиските камери. Тој додаде дека опозициските функционери велат „никогаш Северна“, ама од Северна Македонија пет години по ред примаат високи функционерски плати како пратеници, како градоначалници, како локални советници.

фото Фејсбук/Стево Пендаровски

Related post