Пендаровски: Се заканува доаѓање на „режим број 2“

Сега ќе мораме да направиме мобилизација, максимална за да спречиме враќање на режимот, бидејќи по сите специфики: политички, логистички и други разузнавачки, било какви, тие ќе бидат режим број два, порача вечерва од Штип, кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски.

Сега ќе мораме да направиме мобилизација, максимална за да спречиме враќање на режимот, бидејќи по сите специфики: политички, логистички и други разузнавачки, било какви, тие ќе бидат режим број два, порача вечерва од Штип, кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски.

Тој забележа дека потоа нема да има демократски избори и да не се надева некој дека догодина ќе имаме легитимни, легални и транспарентни локални избори.

„Ние кога сме биле на власт, оваа политичка структура сме организирале демократски избори и сме ја предавале власта, кога ќе сме ја изгубиле. Тие не само што организираат недемократски избори, туку и на такви избори во 2016 година, кога ја изгубија власта, со сила сакаа да ја задржат“, рече Пендаровски.

Тој посочи дека во одредени делови во земјата постои малку обескураженост за резулататите од првиот круг, но какошто рече има образложение. За првпат во историјата имаше седум кандидати во првиот круг и секој го зеде својот дел од електоратот.

„Меѓутоа ви тврдам, ве уверувам дека не само да го кревам вашиот и мојот морал, затоа што тоа е објективна политичка проценка, која ќе се покаже на 8 мај дека гласовите на овие што испаднаа од првиот круг, петмина, вкупно околу 330.000 гласови се многу блиску до овој концепт, која јас го заговарам, го застапувам, го промовирам изминатите години, а сите вие го поддржувате. Значи тие што испаднаа ќе си одат со своите политички субјекти на парламентарните избори, ќе видеме како ќе поминат. Но, во овој другиот дел на претседателските избори да немате никакви дилеми дека најголемиот дел од нив сакаат стабилна Македонија, сакаат Македонија со извесна иднина и сакаат Македонија да биде интегрирана во развиениот свет“, рече Пендаровски.

Тој се осврна и на изборните трикови со кандидатските листи на пратеници, кои имаат слични имиња и презимиња со кандидатите на СДСМ. Пендаровски истакна дека на овој начин се обидуваат да ги доведат во заблуда гласачите, а опозицијата ваквите начин на измама на гласачкото тело може да направи само ако имате какошто рече министер за внатрешни работи и пристап до сите лични податоци на граѓаните.

Related post