Како да се намали сегрегацијата и дискриминацијата на децата Роми во образовниот процес?
Повторено гласање ќе има на гласачкo место во Шуто Оризари
Гласањето во првиот изборен круг на локалните избори 2021 на избирачкото место 0543 во Дебар, за избор на членови на Советот на општината и за избор на градоначалник на Дебар и на избирачкото место 2957/1 во Шуто Оризари, за членови на Совет на општината Шуто Оризари и за Совет на Град Скопје, ќе се повтори.
Повтореното гласање ќе се одржи на 31 октомври 2021 година. Оваа одлука едногласно беше донесена на денешната 34-та седница на Државната изборна комисија (ДИК).
Претседателот на ДИК Александар Даштевски потсети дека Управниот суд усвои две тужби, за изборното место 0543 во Општина Дебар и во изборното место 2957/1 во Шуто Оризари. ДИК врз основа на овие тужби донесе две решенија за повторување на гласањето, со оглед дека вкупниот број на запишани избирачи на ова избирачко место влијае врз вкупните резултати во овие општини.