„Премиер за сите“, мото на парламентарната кампања на Ахмети со Европскиот фронт
„Премиер за сите“ е мотото испишано под фотографијата на лидерот на ДУИ и Европскиот фронт, Али Ахмети која ги преплави социјалните мрежи, а медиумите на албански јазик пишуваат дека „авторот“ е најблискиот соработник на Ахмети, Артан Груби или дека тој е првиот што ја промовира преку Фејсбук. Такви пораки вечерва се слушнаа и од митингот на коалицијата во Врапчиште, а флаер со таа фотографија се делел „од рака на рака“.