Прес конференција за недостиг на матични лекари во Поликлиника Шуто Оризари.

Здружението на Граѓани ,,Иницијатива за развој и инклузија на заедниците – ИРИЗ“ од Скопје на 04.03.2021 година ( Четврток) пред Поликлиника Шуто Оризари со почеток во 11 часот ќе одржи прес конференција за недостиг на матични лекари во Поликлиника Шуто Оризари.

Во Поликлиниката Шуто Оризари за период од една година си заминале во пензија две матични лекари кои работеле со возрасни лица и една докторка која работела како педијатар. Како резултат на тоа околу 4000 граѓани и 1200 деца останале без матичен лекар издавствена заштита.

Затоа, Ве покануваме да го проследите настанот за веста да стигне до донесувачите на одлуки и пошироката јавност, Министерство за здравство, Здравствен Дом Скопје, ФЗОМ и други релевантни институции,  се вели во соопштението испратено од организацијата ИРИЗ

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post