Претседателскиот реизбор на Трамп и Иднината на Ромската Политика: Тест за демократскиот интегритет на Европа
Претседателскиот реизбор на Доналд Трамп не само што ја тресе американската политика — туку испраќа шок низ целиот свет, зголемувајќи ги заканите за демократските темели на Европа. Никаде не се чувствува ова чувство на притисок повеќе отколку кај Ромите, како најголемо и најдискриминирано малцинство во Европа, чијашто кревка заштита виси на конец. Со САД кои се повлекуваат од својата историска улога како глобален заштитник на демократијата, Европа се соочува со клучен избор: да ја брани инклузивноста или да ризикува да поттикне стратешката ранливост која што би им овозможила на екстремистите од десницата и авторитаризмот да ги раскинат нејзините основни вредности.
Декади наназад, трансатлантската алијанса ги поддржувала демократските норми низ Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Балканот — региони каде што над 12 милиони Роми се потпираат на рамките на ЕУ, како што се– Механизмот за владеење на правото и Антирасистичкиот Акциски План, за заштита од системска исклученост. Но, и соединетите БРИКС земји како Русија и Кина што се повеќе наметнуваат влијание — потиснувајќи ја “стабилноста” над граѓанските слободи — пукнатините во овие западни алијанси стануваат се поевидентни.
Во овој променлив глобален пејзаж, ромската политика станува и мера и боиште за демократскиот отпор на Европа. Претседателскиот реизбор на Трамп, кој сигнализира обновена
американска изолација и трансационална дипломатија, ја остава Европа повеќе подложна на авторитарни струи. Без поддршка од САД за демократските норми, се ризикува и заштитата на Ромите да се распадне под етно–националистичките и авторитарни лидери кои користат дезинформации, клиентелизам со цел да ја консолидираат својата моќ. Игнорирањето на ваквите заштити не е само морален неуспех — тоа претставува стратешка закана за демократската архитектура на Европа, бидејќи занемарувањето на политичкото вклучување на Ромите остава плодна почва за раст на екстремизамот од десницата и авторитаризмот. Како Европа ќе одговори –ќе ја обликува не само иднината на политичката инклузија на Ромите, туку и силата на нејзините демократски институции. Кршливи темели на Европската демократија Американско–европскиот сојуз долго време беше камен темелник на повоената европска демократија, особено во ранливите региони како ЦИЕ и Балканот.
По Втората светска војна, Соединетите Американски Држави го надминаа економското закрепнување, залагајќи се за владеење вкоренето во демократските принцити. Овој сојуз ги постави темелите за инклузивност, особено поддржувајќи ги правата на Ромите преку реформи од ерата на Студената војна. Сега, тој темел е под закана. Како што БРИКС силите го зголемуваат своето влијание, промовирајќи авторитарни модели, демократиската одбрана на Европа слабее. Во ЦИЕ, руските медиуми поттикнуваат етно–национализам, додека кинеските инфраструктурни проекти ги заобиколуваат демократските проверки. Овие промени ја поткопуваат заштитата на малцинските групи, како Ромите. Реизборот на Трамп дополнително ја разоткрива ваквата ранливост.
Неговиот пристап „Америка на прво место“ ги охрабрува етно–националистичките и авторитарни лидери во Европа. Институции како Хелсиншката комисија, која некогаш го истакнуваше насилството врз Ромите, и USAID, познат по програмите за отпорност, го губат своето влијание. Како што опаѓа ангажманот на САД, се зголемува ризикот Ромите да паднат во покровителски системи кои ја потиснуваат политичката автономија и демократскиот ангажман, создавајќи стратешки празнини што авторитарните сили можат да ги искористат. Ако заштитите на Ромите продолжи да еродира, екстремизмот од десницата и авторитаризмот ќе најдат поткрепа, што ќе доведе до циклус на исклучување и антидемократски притисоци низ целиот континент. Низ Европа, ксенофобичните популистички лидери ги вооружуваат анти–ромските чувства за да обезбедат моќ. Виктор Орбан во Унгарија користи исклучувачка реторика, прикажувајќи ги Ромите како закана за општеството. Во Западна Европа, миграцијата од ЦИЕ земји го поттикнува непријателството, продлабочувајќи ги политичките поделби.
Иако рамките на ЕУ како Механизмот за владеење на правото и Антирасистичкиот Акциски План постојат, тие се борат против етно– националистичкиот отпор, откривајќи ја итната потреба од доследно спроведување на законите за да се спречат авторитарните фракции, да ги искористат овие системски празнини и да ја ослабат демократската кохезија. Градење на европски штит: Политичката инклузија на Ромите како столб на отпорната европска демократија Обезбедувањето на демократската иднина на Европа бара ЕУ да дејствува решително, ставајќи ја политичката инклузија на Ромите во срцето на своето единство. Ова започнува со цврсто спроведување: да се даде овластување на Европскиот суд за човекови права и Агенцијата за фундаментални права да издаваат обврзувачки препораки за заштита на малцинствата, директно поврзани со финансиски стимулации. Ваквите мерки ќе испратат јасна порака дека Европа е посветена на одбраната на инклузивноста и заштитата на демократскиот интегритет. Зајакнувајќи ја заштитата на Ромите, ЕУ не само што ќе ги подржи човековите права, туку и ќе го ограничи порастот на крајнодесничарските и авторитарни сили кои ги експлоатираат малцинствата. Инвестирањето во организации предводени од Ромите преку иницијативи како Програмата за граѓани, еднаквост, права и вредности (CERV) и Европскиот социјален фонд е подеднакво клучно.
Финансирањето на овие групи ги овластува ромските гласачи да се вклучат во застапување и да се борат за системски реформи, намалувајќи ја зависноста од клиентелистичките мрежи. Ова ја зајакнува грасрутс политичката отпорност и гарантира дека ромските гласови ќе се слушнат локално, национално и во Европа, спречувајќи го распространувањето на наративите што ја поткопуваат демократската кохезија. ЕУ мора да ги заштити ромските гласачи од дезинформации. Проширувањето на акцискиот план за европска демократија за да вклучи приспособени програми за дигитална писменост и граѓански ангажман, ќе ги опреми ромските гласачи да се носат со манипулативните онлајн кампањи. Партнерството со Европската опсерваторија за дигитални медиуми дополнително ќе спречи штетни наративи, промовирајќи информирано и активно граѓанско учество.
Ова е од клучно значење за спречување на етно–националистичките и авторитарните фракции од искористување на обесправеноста на Ромите за да ја дестабилизираат демократијата.
Надвор од институционалните мерки, Европа треба да го преобликува својот наратив. Истакнувањето на придонесот на Ромите во европската историја преку образование и културни иницијативи, ќе се спротивстави на стигмата и ќе изгради јавна поддршка за инклузивни политики. Заштитата на изборните права на Ромите преку ригорозен надзор и мерки против
принуда, дополнително ќе ги зајакне демократските процеси и ќе спречи ја манипулацијата со
гласовите.
Конечно, унапредувањето на ромскиот манифест за политичка одговорност, изработен од организации предводени од Роми, ќе постави јасни одредници за застапеноста и инклузијата. Поврзувањето на финансирањето на ЕУ со овие цели, ќе ги натера земјите–членки да бидат одговорни и ќе го подигне политичкото вклучување на Ромите на основен критериум за почитување на владеењето на правото. Ваквиот пристап ќе ја демонстрира заложбата на ЕУ на демократијата, зајакнувајќи ја нејзината отпорност против екстремизмот и авторитаризмот. Дефинирачки тест за Европа.
Со преземањето на функцијата– новото раководство на ЕУ се соочува со критичен предизвик. Комесарите како Мајкл Мекграт и Роксана Минзату мора да дадат приоритет на политичкото вклучување на Ромите за да се борат против етно–националистичките и авторитарни сили кои јапоткопуваат демократската кохезија на Европа. Вметнувајќи ја политичката инклузија на Ромите во рамката на Европскиот штит, ЕУ може да се позиционира не само како шампион за човекови права, туку и како глобален лидер во демократската отпорност.
Времето за акција е сега. Зајакнуавњето на Ромите и другите ранливи групи како активниучесници во демократскиот пејзаж на Европа ќе ја заштити Унијата од силите кои ги искористуваат нееднаквостите за поттикнување екстремизам и ауторитаризам.Со реизборот на Трамп кој ги преобликува американските приоритети, Европа мора да преземе
иницијатива за зајакнување на своите темели. Неуспехот да се заштитат ромските гласачи само ќе ги продлабочи ранливостите засилувајќи ги заканите што ја нагризуваат самата основа на nевропската демократија. Европа стои на крстопат. Нејзиниот одговор ќе дефинира дали ќе се појави како обединет бастион на демократијата или ќе
дозволиподелбата да се вкорени. Изборот е јасен: храбра акција за обезбедување на издржлива, инклузивна иднина каде Ромите целосно придонесуваат за силна европска демократија.
Автор Менсур Халити