Ристовски: Храбро за Македонија стои на зборот, не сме колебливи како ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата Храбро за Македонија на ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР денеска беше  во Куманово, за да ја пренесен пораката за храброст на кумановчани и на сите останати во регионот, а говореше носителот во ИЕ2, претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски.

„Единтвената разлика на нашата коалиција и сите останати политички субјекти е зборот „храброст“, храброста е одлика на оваа коалиција, храбро се спротивставуваме против сите обиди за назадување на македонскиот интерес во нашата татковина, храбро се спротивставуваме во оваа кампања на сите обиди на секој екстремизам од дома и од надвор да го тргне македонскиот народ од државната позиција во Република Македонија. Храброста е одлика која што не двои и од останатите политички конкуренти, и од ВМРО-ДПМНЕ и од сите останати, затоа што на едната страна имате понуда која што е колеблива, во еден период говорат едно, во друг период говорат друго, нивното „да„ никогаш не останало „да“, секогаш преминало во „не“, нивното „не“ секогаш преминувало во „да“, оттука немаме доверба во нивните ветувања дека ќе го сочуваат македонскиот национален интерес во Македонија во пеирод којшто претстои, рече претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски

„Ако им дадеме доверба, а тие веднаш влезат во рок од шест месеци со уставни измени заради притисокот од ДУИ и албанскиот екстремизам тогаш повторно македонскиот народ може да биде излажан. Затоа е оваа коалиција да ви каже храбро – „Внимавајте на кого го давате гласот“. Оваа Коалиција „Храбро за Македонија“ ако каже дека нема да има уставни измени, се додека не се затвори македонскиот национален стратегиски интерес, нема да мрднеме ниту милиметар од таа позиција. Тие се обидоа да ни ги заостраат односите со нашиот традиционален и трговски партнер Србија, тоа не смее да се дозволи, наместо да градиме мостови на пријателство со сите тие ги урваат основите на соработка и со Грција и со Бугарија, а сега со Србија, и на ова рековме „не“.

Оваа Коалиција мора да ја добие довербата на нацијата, Кумановчани секогаш биле храбри и во Првата и во Втората Светска војна, тие храбро застанаа на браникот на антифашистичкиот фронт, очекувам дека Кумановчани ќе бидат храбри и на овие избори ќе го дадат гласот на храбри луѓе, рече претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски.

Тој најави многу нови проекти и инвестиции.

„Нашите контакти во странство, со нашето искуство ќе донесе нови инвестиции во овој регион, геотермална спа зона е идеална за овој регион, бројни старечки домови, инфраструктурата ќе донесе многу проекти во хотелскиот бизнис, дајте шанса на Коалицијата која има бројни партнерства со бројни инвестициски фондови надвор, ќе отвориме нов економски циклус и ќе се подигне стандардот на населението. Богата и просперитетна Македонија е нашата визија“.

Се обрати и Марта Куковска, коносител во ИЕ2 на Коалицијата „Храбро за Македонија“

„Чувствувам голем јад, причината е што голем број пријатели се иселени во странство. Розевата слика на кумановскиот градоначалник за овие граѓани е црно-сива. Подобриот живот го бараат во други држави, подобро образование, подобро здравство, еднакви можности за вработување врз основа на квалитет, а не врз основа на партиска припадност, рече Куковска.

Има и друга важна група на луѓе кои работеле во Ирак и Авганистан, тие се тука дојдени, спремни се да инвестираат многу пари за да го развијат градот но наидуваат на многу пречки, на наповолна бизнис клима, на корумпирани политичари кои чекаат само провизии, со тоа Куманово губи многу работи места. Ние во изборната програма се обврзавме да ги стимулираме домашните претпријатија и да нудиме даночни олеснувања“, рече Куковска.

Коалицијата Храбро за Македонија на ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР

Related post