Роми за демократија: Членови на партијата СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи на изборите

Во писмото, доставено денеска, се повикува на итна истрага за заканите кон ромските изборни набљудувачи и се нагласува потребата од брзи и соодветни санкции против сите вклучени членови на партијата.

„Фондацијата ‘Ромите за Демократија’ најостро го осудува овој чин на заплашување што се применува врз ромските набљудувачи на изборите“, изјави Селвије Мустафи Алкан, извршен директор на Фондацијата.

Од фондацијата реагираат дека безбедноста на сите набљудувачи на изборите мора да бидат гарантирани за да се обезбеди интегритет на изборниот процес и да се поддржуваат принципите на демократијата.

Во писмото дополнително се бара одговор од лидерот на партијата СДСМ до крајот на денот, во кој се наведени чекорите преземени за решавање на  ситуацијата и спречување какви било дополнителни инциденти.

„Нема да толерираме никакви закани или насилство врз оние кои се посветени на обезбедување слободни и фер избори“, додаде Алкан.

Related post