Силјановска победи во 60 општини, Пендаровски во 2, Османи во 16,Таравари и Димитриевски во 1
Со двојна предност на кнадидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордна Силјановска Давкова пред кандидтот на СДСМ Стево Пендаровски заврши Првиот круг од претседателските избори. Според податоците од ДИК; Сиљановска Давкова добила вкупно 363.086 гласови, а Стево Пендаровски 180.500.
На трето место е канидатот на Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи, според податоците на ДИК, освои на 121 илјади галсови. Зад него е Максим Димитреивски од движењето ЗНАМ со над 83.800 овоени гласови, кој предничи со околу 600 гласови пред кандидатот на ВРЕДИ Аребн Таравари, за кого гласале околу 83.300 гласачи.
Кандидатката на Левицаа Билјана Вакновска во Првиот круг освои над 41.000 галсови, а последен е Стевчо Јакимовски од ГРОМ со нешто над 8.000 гласови.
Како што може да се види од мапа Илјановска Давкова води во 60 општини и тоа буквално сите општини од Источна Македонија и во општините од Југозападот на државата, како и во скопските општини, освен во општина Чаир, каде предничи Османи.
Во Биотла Силјаносвка освоила 21.000 наспроти 11.000 гласови за Пендаровски.
Во Охрид разликата е најголема, скоро тројна предност, односно 14.000 галсови за Силјаниовска, а нешто над 5.000 галсови за кандидатот на СДСМ, Пендаровски.
Двојна предност во Првиот круг Силјановска има и во Прилеп – 18.000 наспроти 9.000 гласови во однос на Пендаровски.
Повеќе од двојна е предноста на Силајновска пред Пендаровски во Велес – 12,000 наспроти 5000 илјади гласови.
Скоро идентитичен е резултататот и во Штип, 12.000 напроти 5.000 гласови за Силјановска пред Пендаровски.
Во Струмица разликата е помала околу 3000 гласови, односно 11.000 напроти 9.000 галасови водство на Силјановска Давкова.
Единствените две општини каде што повеќе гласови освоил каниодатот на СДСМ Пендаровски се Крушево и Маврово – Ростуша.
Во Крушево кандидатот на СДСМ освоил над 2.000 гласови наспроти 1.700 колку што освоила Силјановска
Во Маврово – Ростуша Пенаровски предничи со 50 тина галсаови пред Силјановска -1.090 наспроти 1,030 гласови.
Во Куамново убедлива најголем број гласови освои Максим Димитриевски – канидатот на Движењето ЗНАМ – над 14.000 освоени гласови, скоро тојна предност пред кандатот а Европскиот фронт Османи и двојна предност пред канддатот на СДСМ Пендаровски. Силјаносвка во Куамново е рангирана на второто место со речиси 12.000 гласови.
Во албанскиот блок во претседателската трка кандидатот на Европскиот фронт предводен од ДУИ Османи освои повеќе галасови од Таравари во 16 општини.
Интересни се резултатите во Струга каде Османи освил над 8.000 галасови и е во речиси тројна предност пред Таравари, за кого гласале околу 3,300 гласачи. Во Струга пред Таравари е Силјановска Давкова со нешто над 5.000 гласови.
Речиси изедначени се резултати во трката помѓу Бујар Османи и Арбен Таравари во Гостивар и Тетово – оптшина во која во блага предност е кандидатот на Европскиот фронт Османи – со 14.700 галсови, наспроти 14.030 галсови кои ги освоил кандодатот на албанската опозиција ВРЕДИ.
А скоро иста е сликата и во Гостивар, со разлика што во оваа општина во водство е Тараври со 70-тина гласови повќе од неговиот против кандидат Османи.
Со оглед на тоа што ниту еден од седумте претеседателски кандидати не успеа да обзбеди мнозинство галсови во Првиот круг од претседателските изботи – ќе се одржи и Втор круг на кој уште еднаш силите ќе си ги одмерат двајцата првопласирани кандидати Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пандаровски од СДСМ. Победникот ќе се знае за две недели од сега – на изборите закажани за 8-мај.