Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра
СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата. Ние нудиме јасен план и визија како до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да го направат тоа порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг во Демир Капија.
Ковачевски нагласи дека изборот е кристално јасен.
Избирате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со СДСМ или безнадежност и враќање назад со ВМРО ДПМНЕ. Нашите идеи се прогресивни, со јасна визија за европска иднина на државата за што имаме голема поддршка од нашите пријатели од ЕУ, истакна Ковачевски.
Претседателот Ковачевски додаде дека од друга страна, Мицкоски ќе го одолговлекува европскиот пат и за тоа ќе го обвини Брисел.
ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите, напротив, може да слушнете нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка на ЕУ сто години, а можеби и никогаш. Тоа покажува дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Северна Македонија ќе се врати во чекалниците и во темното минато на недемократските процеси, нагласи Ковачевски.
СДСМ никогаш не се откажува! И нашите противници мора да го знаат тоа! Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност туку напредок и членство во ЕУ, нема откажување од подобра иднина за нашите граѓани, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Демир Капија.