epa09456928 A forensic scientist investigates at the fire site at a hospital for Covid-19 patients in Tetovo, Republic of North Macedonia, 09 September 2021. At least fourteen deaths have been reported by Ministry of Health when a fire, thought to have been triggered by oxygen cylinders that provide oxygen to patients with a more severe clinical case of Covid-19, broke at the hospital. EPA-EFE/Georgi Licovski

Спој на продолжен кабел – причина за пожарот во модуларната болница

Продолжен кабел ја пеплосал тетовската модуларна болница. Служел за напојување на дефибрилатор со кој се реанимирал пациент. Од Јавното обвинителство, велат дека, болничкиот апарат не бил единствениот уред за кој продолжителниот кабел обезбедувал струја.. На него бил приклучен и полнач за мобилен, но и уште еден електричен потрошувач. Првин прегреал кабелот па се запалил тројниот приклучок.

Пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, се вели во соопшштението на Јавното обвинителство.

По воочената појава, како што велат од Јавното обвинителство, присутниот медицински персонал презел обид за гасење, но нсастанало бурно ширрење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар.

Според Обвинителството, во ширењето на пожарот придонел и системот за кислород  наменет за лекување на пациентите.

Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период. Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот, велат од Јавното обвинителство.

Од таму додаваат дека истрагата не е завршена, очекувале и дополнителни вештачења, но и анализата на германските експерти. Велат по прибирање на сите докази ќе одлучеле против кого ќе биде покрената постапка за одговорност.

Related post