Трката за град Скопје во финиш – Шилегов и Арсовска и денеска ги презентираа проектите
Неколку часа до изборниот молк и финалното соочување во недела, кандидатите за граначалничкото столче на Градот Скопје ги упатија последните пораки до скопјани во финален обид за освојување на гласот на граѓаните.
Актуелниот градоначалник Петре Шилегов повика на обединување бидејќи како што вели гласот за него претставува поддршка за понатамошното развивање на градот и инвестиција во квалитетни проекти за скопјани.
Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска во обраќањето ги повика граѓаните да излезат на гласање за да се стави крај на како што вели лошото менаџирање и слабата реализација на проектите на нејзиниот противкандидат во изминатите 4 години.
Во првиот круг Арсовска освои речиси 87.000 гласа, а Шилегов 79.000. Останатите 10 кандидати кои отпаднаа по првиот круг имаат околу 50.000.Во недела, трката почнува од 07 часот.