Штрајкот на приватните специјализнати привремено ставен на мирување
Со полни куфери и паролата „5 до 12 за македонското здраство“, младите специјализанти денес излегоа да протестираат пред Министерството за здравство и симболично да покажат дека се спремни да ја напуштат државата. Велат дека иако не сакаат да си заминат од татковината власта е таа која сака да ги избрка. Протестирааа за повисоки плати и достоинствен живот, а протестите ќе продолжат секој вторник за време на паузата додека власта не ги исполни нивните барања. Бараат покачување на платите кои во моментов изнесуваат 26.000 денари, здравствено осигурување и да добијат договор за вработување.
„Приватните специјализанти се доведени до работ на егзистенцијата. Можеби периодот е сензитивен, но исто така нашите проблеми и егзистенција се критични. Со оглед на тоа дека не сакаме да ја нарушиме попреченоста на работата на клиниките и со тоа граѓаните да не трпат во однос на медицинската грижа која ја добиваат, ние приватните специјализанти одлучивме од утре штрајкот да го ставиме во мирување. Со овој протест под мотото „5 до 12 за македонското здравство“ сакаме да упатиме една јасна и силна порака, дека приватните специјализанти, се сплотени, го кренаа гласот за своето достоинство и нема да отстапат додека не се решат натие барања“, рече доктор Христина Илиоска Чешлароска.
Специјализантите рекоа дека јавно се оградуваат од било каква политичка поврзаност и дека привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување поради изборите и инсистираат по формирањето на новата влада сите барања да им бидат решени. Протестот го ставаат во мирување пред се заради пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза“, но секој вторник за време на паузата ќе излегуваат во паркот пред интерните клиники за да потсетат дека треба да се решат нивните барања.
Тонско – доктор Александра Георгиева
„Иако понудивме многу решенија кон министерството за здравство, со цел надминување на проблемот и покрај фактот дека се наоѓаме во предизборие, ние за жал не наидовме на заеднички јазик и ниту едно нашите барања како што веќе кажав не беа решени. Би сакала да се оградам од изјавите на актуелниот министер, дека овој штрајк и протест има некаква политичка позадина. Единствените политики за кои што здружението на лекари специјализанти е заинтересирано се здравствените политики и реформите кои навистина мора да се случат“, рече докто
р Александра Георгиева.
Специјализантите се револтирани од ектикетирањето на министерот за здравство, кој претходно им порача дека овој штрајк има политичка позадина, а во меѓувреме, на клиниките додека траеја протестите, се чувствуваше недостиг од лекари и метежот се зголемуваше.