Јавен повик- Експерт/гостин за учество на снимање на поткаст емисија во рамки на проектот „Европска унија за нас“

Проект “Европска унија за нас „
Проект „Европска унија за нас“
Здружение едукативен медиумски центар 24ВАКТИ-Скопје финансиски поддржан од грантовата шема на „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија, IPA III/2022/441-801/4 спроведуван од АДРР Сонце од Тетово и Ромски Ресурсен Центар, РАЖМ Лулуди и Симплексис за потребите на проектот „Европска унија за нас“ Објавува:
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/2025
За работен ангажман за следната позиција: 1(еден) Експерт/гостин за учество на снимање на поткаст емисија во рамки на проектот „Европска унија за нас“
Позадина на проектот
Проектот се состои од снимање и прикажување на едукативно-информативни поткасти со истакнати и препознатливи стручни лица и експерти кои работат или на било каков начин делуваат со нивната работа во јавниот или приватниот сектор во областите и подрачјата поврзани со поглавјето 19 и 23 од преговарачките поглавја за пристап кон ЕУ. Дополнително со проектот се планира и организирање на дводневна ЕУ- Академија наменета за млади Роми, вработени или волонтери во граѓанскиот, студенти и средношколци – со нудење на можност за темелно запознавање со Европската унија, вредностите, начинот на функционирање, а со посебен акцент на преговорите, пристапувањата кон ЕУ и предизвиците со кои се соочува Р.С.Македонија како земја со проевропска ориентација.
Проектот има широк круг на опфат на лица и истото се постигнува со медиумско влијание и емитување на поткастите, а исто така и осврт кон младата категорија на лица како носители на теренските активности на значаен број на локални невладини организации на територија на општина Шуто Оризари.
1.2 Опис на обврски на експерт/гостин на поткаст емисија
- Гостин на поткаст емисија ;
- Идентификација на темите за преговарачки поглавје 19 и 23 за Европска унија
1.3 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
- Oдлични аналитички и вештини и експерти за преговарачки 19
- Високи научни достигнување од областа на правосудството и човекови права
- Да имаат одлично познавање на ромската проблематика и состојба
- Познавач на Еу извештај и ромската заедница поглавје 19.
- Инклузивно општество и напредок на ромската заедница
- Познавач на предизвици на Ромите
1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:
- Развиени комуникациски вештини;
- Познавач на Еу поглавјата 19
- Тимско работење
- Крерање и споделување на идеи за реалзиација на поткаст емисиите
1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот
Снимањето на емисиите ќе се реализира во канцелариите или кабинетите на експертите/гости ангажирани за поткаст емисија.
1.6 Насоки за аплицирање
Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават следната документација:
- CV работна биографија со соодветни квалификации и повеќегодишно искуство
Краен рок за пријавување е 5 работни дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 15.04.2025 година до 23:59час.
Комплетната документација може да се достави електронски на следната е-маил адреса: euzanas02@gmail.com
или по пошта на следната адреса:
Радишанска лево број 57 Скопје
Лице за контакт: Сали Мемед
Ненавремено доставена документација нема да биде земена во предвид. Ќе бидат известени само лицето кое ќе биде одбрано од проектната комисија за експерт гостин на поткаст емисија.
Скопје, 09 04 . 2025