#NEVIPE #Oglasi #Roma ki MK

ЈАВЕН ПОВИК -за изработка на 2 (два) спот видеа во рамки на проектот „ Обединети во Различнста-Патот до Инклузија “.

Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМ од Скопје во рамките на проектот ,,Обединети во различноста – Патот до инклузија‘‘ финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија,IPA III/2022/441-801/5  спроведуван од  АДРР Сонце од Тетово и Ромски Ресурсен Центар, РАЖМ Лулуди и Симплексис  за потребите на проектот ,,Обединети во Различнста-Патот до Инклузија,,  Објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР.02/2025

За работен ангажман на определено време за следната позиција: за изработка на 2 (два) спот видеа во рамки на проектот „ Обединети во Различнста-Патот до Инклузија “.

  • Позадина на проектот

Проектот “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија” има за цел да ја унапреди инклузијата на ромската заедница во Република Северна Македонија, особено во контекст на интеграцијата во Европската Унија. Улогата на ромската заедница е клучна во овој процес, а проектот ќе се фокусира на подигање на свесноста за нивните права и култура преку различни комуникациски платформи.

Фокус:

  • Инклузија на ромската заедница во општеството
  • Поддршка на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија
  • Подигнување на јавната свест за значењето на ромската заедница во контекст на ЕУ интеграциите

Цели:

  • Да се подигне свесноста на јавноста за важноста на инклузијата на ромската заедница во процесот на ЕУ интеграции.
  • Да се промовираат правата и културата на ромската заедница.
  • Да се иницира дијалог помеѓу ромската заедница, НВО и релевантни институции.
  • Да се разработи и дистрибуира “policy brief” со заклучоци и препораки.

1.2 Опис на работни задачи за позицијата Изработка на 2 (два) кратки видеа

 

  • Развивање креативна концепција за кампањата;
  • Планирање и извршување на снимањето согласно сценариото
  • Подготовка на техничката опрема и обезбедување на висока квалитетна продукција
  • Изработка за две видео спота – екипа за(режија,снимање, монтажа на тон слика);
  • Следење на естетиката и квалитетот на видео материјалот;
  • Комуникација со тимот за визуелизација на идеите и сценаријата;
  • Интеграција на графика, текст и ефекти за подобрување на конечниот производ
  • Оптимизирање на видеата за различни платформи (YouTube, Facebook, Instagram, TikTok).

1.3 Право на учество имаат:

Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или со CV (биографија и портфолио од претходни слични активности) како и доказ за претходно искуство , односно краток видео материјал/и кое ќе ја докаже неговата способност за вршење на дејноста поврзана со предметот на јавна повик . Физичките лица да имаат најмалку 3 години искуство во вршење на таа дејност.

1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:

  • Да има повеќегодишно искуство со изработка на видеа
  • Да имаат одлични познавања на технологијата на работа, особено за камера и процесот на снимање
  • Познавање на работа со компјутери

1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот

Работните задачи ќе се извршуваат во просториите на понудувачот

За изработка на едно видео предвиден е еден месец.

1.6 Насоки за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават следната документација:

  1. Документ за регистрирана дејност, (доколку понудивачот е правно лице) и биографија
  2. Документи со кои ја докажува техничката или професионалната способност (професионална биографија / портфолио).

Краен рок за пријавување е 5 работни дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 01.04.2025 година

 Комплетната документација може да се достави електронски на  следната е-маил адреса: rbic@t-home.mk

 или по пошта на следната адреса:

 ул„ 376, бр.108, 1000 Скопје

 Лице за контакт: Весна Димова

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.

Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена листа на кандидати. Само кандидати кои ќе бидат на скратената листа ќе бидат контактирани и ќе бидат повикани на интервју.

Скопје, 25.03.2025