Како да се намали сегрегацијата и дискриминацијата на децата Роми во образовниот процес?
Јакимовски: Европа ја зафаќа воен вител, одговорен претседател мора државата да ја подготви
Европа ја зафаќа воен вител, одговорен претседател на Република Македонија мора да ги има предвид сите овие апсекти и мора државата да ја подготви за евентуално најлошото сценарио!, рече кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски.
14 април 2024, 13:20
– Денес овде дојдовме во Прилеп за да го искажеме нашиот восхит овде од Могилата на непобедените за храбрите борци коишто на 11 октомври 1941 година го означија почетокот на нашата битка за слободна и самостојна Република Македонија. Ја искажуваме нашата восхит да тогаш се кренеш против Третиот Рајх против Оската Рим – Токио – Берлин да се кренеш против бугарскиот фашистички окупатор и без посредство на масовни медиуми да застанеш на вистинската страна на историјата и како резултат на таа наша херојска борба на првото заседание на АСНОМ да ги удриш темелите на современата македонска држава и да го исполниш вековниот идеал на Илинденците и на сите оние кои ги положиле животите за македонската држава.
Тие ги удрија темелите на современата македонска држава на АСНОМ, за жал имаше меѓу нас коишто АСНОМ го избришаа од Уставот и за жал и денес продолжуваат со разнишување на темелите на македонската држава и нејзино обезличување како и со насоки да Македонците конечно бидат избришани од Уставот на Република Македонија.
Ние живееме во едно тешко време, претседателот во исто време може да биде и врховен командант на оружените сили на Република Македонија. На 1200 километри јужно од нас и на 1200 километри северно од нас се одвиваат страшни војни. Најновата војна отпочна помеѓу Иран заедно со своите сојузници против Израел и САД. Тоа јасно покажува дека живееме во едно тешко време и дека е многу битно кој ќе биде врховен командант на вооружените сили на Република Македонија затоа што за многу кратко може да се случи да влеземе во една страшна војна затоа што 2013 година НАТО на тло на Европа немаше ниту еден тенк денес има преку 3 илјади тенкови.
Тоа јасно покажува дека Македонија и цела Европа може да ја зафати еден воен вител и како резултат на тоа мораме да бидеме максимално одговорни.
Мојот апел како иден претседател на Република Македонија веднаш да се набавува оружје и муниција, веднаш да се зголеми сточниот фонд и производството на храна, да работи конзервната индустрија, да се обезбеди храна за живината за целата стока затоа што ако дојде до една сериозна војна на тло на Европа тоа значи дека ќе бидат затворени сите граници, ќе се запре извозот од секоја држава и ќе дојдеме во многу слична ситуација како онаа кога беше Ковид кризата. Одговорни субјекти, одговорен претседател на Република Македонија мора да ги има во предвид сите овие апсекти и мора државата да ја подготви за евентуално најлошото сценарио и ваквите стимулации за производство на храна, житарици, подигање на сточниот фонд мора да траат се додека не завршат овие опасности од воен вител да ја зафати цела Европа. – истакна Јакимовски.
Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“