Јакимовски не го потпиша Кодексот за фер и демократски избори
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, денеска како претставник на коалицијата „Храбро за Македонија“, не го потпиша Кодексот за фер и демократски избори.
-Јас како претставник на коалицијата „Храбро за Македонија“ не го потпишав Кодексот од две причини. Првата причина е начинот на финансирање на парламентарните избори во коишто огромни суми се издвојуваат само за четири коалиции или четири политички партии, како што рече претходниот мој говорник, трошки за сите
останати, рече Јакимовски и додаде:
не можат со тие средства од спонзори да финансираат кампања, односно медиумска кампања што е крајно недемократски, антипартиски, антиплуралистички и што е спротивно на интересите на граѓаните на Република Македонија.
Втората причина зошто не го потпишав е тоа што носители на листи учествуваат во претседателската кампања. И сега, можете да замислите, учествуваат во претседателската кампања и не дека имаат некое големо влијание врз гласачкото тело, зборуваат пред приведените партиски членови кои мораат да ги слушаат. Но праќаат лоша порака, не се почитува Изборниот Закон и праќаат лоша порака како ќе ја водат Република Македонија кога ќе дојдат на власт.
Тоа значи повторно ќе биде беззаконие, повторно Република Македонија нема да биде правна држава и повторно ќе збориме сите во името на правото и на правдата, а уште во изборниот процес сме подготвени да го кршиме изборниот закон и сѐ она што значи добро однесување на овие парламентарни избори, истакна Јакимовски.