Димитриевски од Куманово: Допрва ќе се крене и повторно гордо ќе се вее македонското знаме!

На голем народен митинг во Куманово, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, синоќа, ја промовираше програмата за претстојните парламентарни избори наречена „Проглас за достоинствена Македонија“. Претседателот на ЗНАМ и кандидат за претседател на државата, Максим Димитриевски во своето обраќање рече дека Македонија повторно се буди од тука од Куманово и низ цела Македонија и порача: […]

Апасиев го одби Мицкоски: „Не верувај им на дпмнејците“

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ја отфрли понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на македонско национално единство и изјавата дека ќе има мораториум на нападите врз неговата партија и ЗНАМ. „Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци. Термометарот на жестокоста во критиката не смее да се спушти ниту за степен“, […]

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата. Ние нудиме јасен план и визија како до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да го направат тоа порача претседателот на СДСМ Димитар […]

И Пендаровски поднесе претставка за дискриминација

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе достави претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на кандидатката Гордана Силјановска-Давкова и од политичката партија ВМРО-ДМПНЕ, што ја поддржува нејзината кандидатура. – Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати, на јавните собири и митинзи, искажаа лични навреди и […]

До кога ќе ги чувате главите во песок?!

Зошто нема никаква реакција од кандидатот Доналд Реган, ниту пак од господинот Стево Пендаровски на уцените од Османи и Таравари? Ај што тие не реагираат на овие уцени, но уште повеќе не можам да се изначудам како може да нема реакција ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од Мицкоски, ниту од Ковачевски, ниту од СДСМ. Практично се […]

(Видео) Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години

„Во последните шест години имаме исплатено над 100 милиони евра финансиска поддршка кон домашните компании, кои направија инвестиции од над 500 милиони евра. Но ова не е доволно, не се откажуваме и во следните четири години оваа поддршка скоро ќе ја дуплираме и ќе jа зголемиме на 180 милиони евра, што пак ќе значи инвестиции […]

Јакимовски: Зошто Гордана “Доналд Реган“ Силјановска ќути пред изјавите на Османи? ДПМНЕ би направиле коалиција и со црниот ѓавол за да се доберат до буџетот на државата

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски дене беше во Гевгелија од каде што порача: – Најостро реагирам на изјавите на господинот Бујар Османи, кој практично свој леб јаде, туѓо гајле бере и најостро реагирам на неговата жирафа политика. Жирафата млекото го дава кај комшијата, а јаде кај вас. Тој цело време збори за Косово, за Косоварите, но […]

Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Охрид на првиот ден од предизборната кампања за парламентарните избори, порача дека партијата ќе води позитивна кампања, кампања на проекти, на надеж, и како што посочи, „кампања што ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите“. „После шест и пол години урнисување, криминал, понижувања, грабеж на институциите, грабеж […]

На светскиот ден на Ромите Менсур Халити, директор на Фондација Роми за Демократија – Европа испрати силна порака на сите Роми во Европа и Светот.

На светскиот ден на Ромите Менсур Халити, директор на Фондација Роми за Демократија – Европа испрати силна порака на сите Роми во Европа и Светот.  

„Европскиот фронт“ одржа симулациска седница на новото Собрание, функциите ги поделија меѓу себе

На првиот ден од кампањата за паралемнтарните избори, „Европскиот фронт“, на чие чело е ДУИ, направи симулација на конститутивната седница на новото Собрание. Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во своето кусо излагање тој рече дека Демократската унија за интеграција направила суштинска анализа и со своите раководни тела и со […]