Изработени детални урбанистички планови, легализирани 100 и реновирани 12 домови во општините Шуто Оризари и Велес со поддршка на Европската Унија

Изработени детални урбанистички планови, легализирани 100 домови и реновирани 12 домови се дел од постигнатите резултати на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“, кој Хабитат Македонија го спроведе со општините Велес и Шуто Оризари со финансиска поддршка од Европската Унија. На завршниот настан беа презентирани постигнатите резултати од проектот кој започна да се реализира […]

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина! “

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот. Општина Шуто Оризари  како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина!“ има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот […]

Подобрување на статусот на Ромите преку ЕУ реформи

На денешниот настан отворање на нов проект: Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ, во Клубот на пратеници во Скопје, заменик министерот за труд и социјална политика, г-дин Енвер Хусејин изјави: „Ромите се дел од претпристапните преговори со ЕУ. Посебен фокус на ромската заедница е дадено во Поглавјата 19 и 23, каде како приоритети се социјалната инклузија […]

Моментално имаме околу 1000 лица кои се под закана да ја имаат истата судбина како на Мемет

Мемет Камбер за жал не е прва жртва на системот. Покрај него постојат и други примери на лица кои го загубиле својот живот или пак се соочиле со сериозни потешкотии во процесот на добивање на здравствена заштита. Моментално имаме околу 1000 без документи кои се под закана да ја имаат истата судбина како Мемет. Мемет […]

Етничката припадност ќе ја има на изводите на родени, венчани и починат

Со новото упатство за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати, Министерството за правда има за цел да се справи со проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување. Министерот Кренар Лога во понеделник ќе го потпише новото упатство. Тој претходно за Алсат го потврди ова, додавајќи дека нема потреба […]

Нема казна затвор за полицаецот кој тепаше во Битола

23.05.2021, Скопје – Пресудата која за прв пат одреди затворска казна за полициска бруталност е преиначена во делот на затворска казна и повторно, како и во другите претходни случаеви, од Апелациониот суд е одлучено за условна осуда. Одредената затворска казна од 1 година се преиначува во условна осуда со обврска обвинетитот да не изврши ново […]

П Е Т И Ц И Ј А “Ромите и граѓаните од Шуто Оризари повеќе нема да молат за своето здравје!” Бараме функционална Поликлиника во Шуто Оризари!

Во Поликлиниката во Шуто Оризари обезбедете ни: – Пункт за итна медицинска помош. – Дополнителни две ординации со матични лекари. -Специјалистичко-консултативна здравствена заштита од најмалку четири специјалности: интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија. – Радиодијагностичка дејност (Рентген дијагностика). – Зголемен број на патронажни сестри. – Опремување на Дежурната служба  За да се отварат нашите барања […]

Аксел Ахмедовски реизбран за претседател на Партијата за демократски просперитет на Ромите

Партијата за демократски просперирет на Ромите денеска во Делчево го одржа првиот конгрес на кој беше избрано новото раководство на партијата. За Претседател на партијата повторно е избран досегашниот претседател Аксел Ахмедовски, додека потпретседателското место му припадна на Аки Акиов, кој во моментот ја извршува функцијата советник во кочанскиот Совет. И двајцата едногласно ја добија […]

Зградата е стара 70 години: Ќе се реконструира дел од училиштето во село Тработивиште

Седумдесет години старата училишна зграда во село Тработивиште ќе се реконструира преку Програмата РОМАКТЕД фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво, информираа од Општината. Оттаму денеска ја објавија јавната набавка за „Реконструкција на одредени делови во Општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ село Тработивиште во рамки на оваа […]

Во НУ Завод и музеј Битола се отвори изложбата насловена „Расна дијагноза: Циган“ – нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање“,

Во НУ Завод и музеј Битола се отвори изложбата насловена „Расна дијагноза: Циган“ – нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање“, организирана од страна на РРОМА – Кратово во соработка со Централниот Совет на германските Синти и Роми, Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми и земјите од Западен Балкан. […]