Настан „Достигнувања на жените Ромки – успеси и предизвици“

Настан „Достигнувања на жените Ромки – успеси и предизвици“
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, на 10 март 2026 година, во Клубот на пратеници во Скопје, се одржа настанот „Достигнувања на жените Ромки – успеси и предизвици“.
Настанот имаше за цел да отвори конструктивен дијалог за положбата на жените Ромки, нивните достигнувања, но и предизвиците со кои се соочуваат на локално и национално ниво. Во рамките на настанот се одржа панел дискусија на која учествуваа претставници од институции, меѓународни организации и граѓанскиот сектор, кои разменија искуства и добри практики во насока на унапредување на правата и можностите на жените Ромки.
Целта на дискусијата беше да се поттикне размена на идеи и да се идентификуваат конкретни можности за подобрување на положбата, економското јакнење и општествената инклузија на жените Ромки, како и зајакнување на соработката помеѓу релевантните институции и организации.
Настанот се организираше во рамките на проектот „Социјално претприемништво за жени Ромки – Романсе“, кој го имплементираат РРЦ – Ромски Ресурсен Центар | RRC – Roma Resource Center Ромскиот Ресурсен Центар – Скопје и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари. Проектот е финансиран од Европската Унија.
Преку панел дискусија се разменија искуства, добри практики и препораки за:
• економско јакнење
• социјална инклузија
• подобрување на статусот на **жената Ромка во општеството**
Организацијата на настанот се реализираше во соработка со министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу, како и со Министерството за социјална политика, демографија и млади





































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































