Дваесетина деца секојдневно питачат по кумановските улици, итно им е потребна институционална поддршка

Според невладините организации, главно се работи за деца од ромската заедница кои живеат во супстандардни услови, без нормални услови за раст и развој. Одреден дел од овие лица не се впишани ниту во матичната книга на родени, што ги прави социјално поранливи. Децата се возраст од 5-10 години, но ги има и помали и поголеми. Додека просат главно се сами, но секогаш во близина ги чекаат родителите или некој од фамилијата кој им ги зема парите.

Во обид да им помогне на решавање овој проблем, невладината огранизаци ДРОМ во партнерство со Општина Куманово реализираше проект за отворање на Дневен центар за згрижување на деца на улица, како дел од Програмата за социјална заштита.

Дневен центар беше замислен како место за престој на децата после училиште, пишување на домашните работи, совладување на наставниот материјал, стекнување на работни и хигиенски навики. Преку разговори и работилници со психолог и социјален работник би ги инфорирале малолетниците за опасностите од раснење на улица, кои можат да имаат здравствени, социјални импликации, погрешни ставови за опкружувањето и кои ги прават поподложни на девијантни или пак криминални влијанија.

„Анкетиравме 20-тина деца на улица, добро познати на јавноста. Од нив 15, во еден момент 16 го посетуваа дневниот центар. По завршување на дневните активности, во попладневните часови се враќаат на питачење на улиците. Проблем се и родителите кои наместо да им забранат, ги пуштаат без надзор, за да обезбедат некој денар за фамилијата“, објаснува Ахмет Јашаревски, извршен директор на Центарот за ромска заедница ДРОМ, кој вели дека проектот нема да продолжи затоа што нема институционална и меѓуресорска соработка.

https://www.kumanovonews.mk/vesti/dvaesetina-deca-sekojdnevno-pitacat-po-kumanovskite-ulici-itno-im-e-potrebna-institucionalna-poddrska

Related post