ДИК Утврден редоследот на кандидатските листи за изборите

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, во рамки на 96. седница, со жребување го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите.

Број 1 е Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ,

број 2 – Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ,

број 3 – Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ,

број 4 – Коалицијата Европски форнт,

број 5 – Левица,

број 6– Коалицијата „Вреди“

број 7 – Движењето ЗНАМ –

За наша Македонија,

број 8 – Единствена Македонија,

број 9 – Нова алтернатива,

број 10 – Аваја,

број 11 – Европско граѓанско движење,

број 12 – Македонска ера трета/Македонски независни листи,

број 13 –Твоја партија,

број 14 – Родина Македонија,

број 15 – Десна,

број 16 – Демократи и

број 17  – Работничка партија.

По жрепката, како што соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, ќе се изготви записник и согласно член 69 став 2, утврдената листа ќе биде објавена во дневниот печат, најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите.

Related post