ЕУ: Не се успеа со рамноправноста на Ромите

По десет години специјална политика за Ромите, билансот е оскуден. Европската комисија сега со нов обид: со нов План за малцинства треба сѐ да стане подобро.

Досегашната стратегија на Европската унија за интеграција на нејзиното најголемо етничко малцинство, Синти и Роми, односно луѓе со ромско потекло – не успеа. По десет години специјална политика за Ромите, ресорната еврокомесарка за европски вредности, Вера Јурова, неделава извлече депримирачки биланс. „Искрено, во изминативе десет години не направивме доволно“, рече Јурова во Брисел.

Трајната дискриминација на 6,3 милиони Ромиво земјите членки на ЕУ е грда лузна на европската совест, вели Јурова. Ова сега треба да се промени, најави еврокомесарката. Со нов десетгодишен план властите во Брисел сакаат да ги натераат земјите членки да им овозможат и на Синтите и Ромите исти услови за живот, образование и права како и за останатите граѓани.

Притоа, во фокусот веќе не е „интеграција“, туку „инклузија” и еднакво учество на Ромите, се вели во стратешкиот документ на Европската комисија. Под терминот „Роми“ ЕУ ги опфаќа сите групи како Роми, Синти, чергари и други.

Romoe Franz (Hans Lucas/imago images) Ромео Франц: Секоја земја мора да се бори со антициганизмот

Инклузија наместо интеграција

Ова барање исто така го покрена германскиот европарламентарец Ромео Франц во разговор за ДВ. „Секоја земја мора да се бори со антициганизмот за да успеат плановите за инклузија. Јас го отфрлам терминот интеграција, бидејќи интеграција за секое маргинализирано малцинство звучи како асимилација. Овде зборуваме за рамномерно учество“, вели Ромео Франц. Овој пратеник од Зелените, кој и самиот е Синти, поднесе сеопфатен извештај за состојбата на луѓето со ромско потекло во ЕУ.

Антициганизмот е посебна форма на расизам и омраза која е се’ уште прифатена во многу европски општества, обвинува еврокомесарката за еднаквост, Хелена Дали, која ја претстави новата иницијатива во Брисел.

Криминализација и маргинализација на Ромите не смее веќе да се случува. На пример, 52% од сите Французи се чувствуваат крајно непријатно во соседство на Роми или чергари. Ова го покажа студијата на Европската Агенција за основни права и слободи.

Vizepräsidentin der EU-Kommission Vera Jourova (European Union) Еврокомесарката Вера Јурова го поздрави фактот дека и земјите кандидатки од Западен Балкан сакаат да се приклучат кон новата стратегија

Акциските планови треба да бидат од помош

Земјите членки на ЕУ ќе бидат обврзани во рок од една година да предложат национални акциски планови кои ЕК на секои две години ќе ги контролира, најави Дали. Тој нов десетгодишен план морал да биде пообврзувачки од поранешните, смета таа. „Досегашната дискриминација не може да се оправда”, рече Дали обраќајки се на земјите членки. Како негативни примери беа наведени Чешка, Унгарија и Словачка, каде во училиштата ромските деца се школуваат одвоено од „бели” деца. Квалитетот на наставата таму е полош отколку во регуларните училишта. Таквата сегрегација по расна основа е неприфатлива. ЕК против владите на споменатите земји дури започнала и процеси за повредување на одредбите од Договорот за ЕУ, но досега без особен ефект.

И во Романија и Бугарија, Синтите и Ромите се жалат на нееднаков третман. Комесарката Вера Јурова го поздрави фактот дека и земјите кандидатки од Западен Балкан сакаат да се приклучат кон новата стратегија. Во ЕУ живеат шест милиони лица со ромски бекграунд, а натамошни пет милиони во Европа живеат надвор од границите на ЕУ. Околу 45% од ова етничко малцинство во студија на Европската агенција за основни права и слободи рекле дека во 2018 биле отворено дискриминирани во продавници, ресторан или на работното место.

Четири петтини од сите ромски деца се загрозени од сиромаштија. Невработеноста кај младите во оваа етничка групае 62% во споредба со 10% кај останатите европски млади. Недостиг на образование е енормен проблем во подобрувањето на условите за живот, критикува ЕК.

München Bettlerin Symbolbild Zwangs-Bettler (picture-alliance/Winfried Rothermel) Поради сиромаштија, многу Роми питаат

„Задача за генерации“

Еврокомесарката Јурова раскажува дека при посети во словачки села со Роми била потресена бидејќи многу луѓе немаат пристап до тоалет, ниту до вода.

„Зборуваме за задачаза генерации, но мора од некаде да почнеме. Оти ако го табуизираме антициганизмот и го игнорираме, како што се случува со векови во Европа, нема да има подобрување, туку ќе се остане на вербални заложби и мали чекори”, вели пратеникот од редот на Зелените за ДВ, Ромео Франц, околу перспективите на стратегијата за инклузија.

Тој бара членките законски да бидат обврзани за спроведување на стратегијата. Еврокомесарките не отидоа толку далеку. И во следните десет години се упатени на добрата волја на членките на ЕУ. Во стратегијата за Ромите треба да бидат дефинирани само „минимални цели”. Ако членките не ги постигнат, не се предвидени санкции.

https://www.dw.com/mk/%D0%B5%D1%83-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D1%83%D1%81%D0%BF%D0%B5%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5/a-55201937


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime