#Makedonija #Roma ki Lumia

Заменик-министерот Мустафа дел од меѓународна конференција на тема ,,Ромско (обичајно) право, традиција и култура”

Неждет Мустафа, заменик-министер во Министерството за односи меѓу заедниците, зеде учество на Меѓународната академско-стручна конференција на тема ,,Ромско (обичајно) право, традиција и култура”, која се одржа во Загреб, Хрватска. Овој значаен настан ги собра истакнатите претставници од академскиот врв, експерти и носители на одлуки, со цел продлабочување на разбирањето за ромските правни традиции и нивната улога во современото општество.

Во својот говор Мустафа ја истакна важноста на инклузијата на Ромите во општествените и правните процеси и нагласи дека реформите во оваа област се клучни за подобрување на статусот на ромската заедница, со акцент на правната заштита, пристапот до образование и економските можности.

Како резултат на дискусиите и заклучоците од конференцијата се донесе Загрепска резолуција, која претставува значаен чекор во унапредувањето на правниот статус на Ромите во Европа и Западен Балкан. Оваа резолуција повикува на поголема правна заштита, признавање и интеграција на ромското обичајно право во националните правни системи.