Ковачевски: Минимална пензија од 20.000 ден. и просечна од 30.000 ден

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на синоќешниот митинг во Гевгелија вети минимална пензија од 20 илјади денари и просечни примања од 30 илјади денари за пензионерите во наредниот четиригодишен мандат. Ковачевски исткана дека СДСМ има план за обезбедување европска иднина за граѓаните, за повисоки плати и пензии, повеќе инвестиции и работни места. Тој додаде дека од друга страна, со ВМРО-ДПМНЕ е можно единствено, како што вели, враќање во режим и изолација. Ковачевски истакна дека опозицијата ќе го одолговлекува европскиот пат, а за тоа ќе го обвини Брисел.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата за европска иднина се единствена опција со единствен јасен план за интеграција на државата во Европската Унија. Од друга страна, нашите политички конкуренти ВМРО-ДПМНЕ, ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту имаат одлучност, ниту пак имаат волја нешто да направат во тој дел. Тие единствено знаат да се откажат“, рече Ковачевски.

Related post