Познатиот инсајдер има лоши вести за корисниците на iPhone
Претставувањето на моделот iPhone 13 е уште далеку, но никогаш не е рано за откривање инсајдерски информации.
Така, славниот аналитичар Минг Чи-Куо (познат по тоа што скоро секогаш дава точни информации) неодамна напиша за тоа како не треба да очекуваме USB-C порт на следната генерација модели на iPhone.
Овој „влез“ е скоро стандарден за сите уреди со Android во последните неколку години, па дури и iPad Pro го има, но како што тврди Минг Чи-Куо, тој нема да го има на уредите на Apple во иднина.
Тој тврди дека „Apple“ ќе продолжи да го користи „лајтинг“ портот сè додека моделите на „iPhone“ не се префрлат целосно на MagSafe безжичното полнење.
Европскиот парламент веројатно нема да гледа благонаклонето на оваа одлука, имајќи предвид дека е побарана употреба на универзален полнач од сите производители на мобилни телефони, што Apple уште во 2019 година го критикуваше