“Сумнал“ организира обука со возрасни Роми за користење на создадената платформа за е-учење
Во рамките на проектот „Digital Inclusion for Roma Adults: Gaining Knowledge and Skills in eServices – DIRA /Дигитална инклузија на возрасни Роми: Стекнување на знаења и вештини за користење на еУслуги“ изминатите месеци се одвиваше фазата на обука со возрасни Роми за користење на создадената платформа за е-учење со цел стекнување на знаења и вештини за користење на достапните е-услуги во нашата држава.
Во обуката беа вклучени 40 учесници кои беа многу задоволни од понудената можност да стекнат знаења и вештини кои ќе им го олеснат секојдневието.Главната цел на проектот е подобрување на социо-економската состојба на возрасните Роми преку образование од областа на ИТ технологијата и развивање на дигитални вештини и компетенции за да се оспособи возрасната популација и социјално исклучените луѓе да користат достапни електронски услуги во нивните околини, и да бидат подобро вклучени во нивните заедници и општества.
Проектот е финансиран од страна на Националната агенција на Финска преку Еразмус + прогрматата на Европската Унија. Координатор на проектот е фондацијата „Деаконес“.