Фатма Бајрам Аземовска прва добитничка на награда во Брисел за интеграција на Ромите
Во Брисел беа доделени ЕУ наградите за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција – „Исклучителни луѓе кои промовираат рамноправност преку вработување“ за 2021 година, а од РС Македонија првата награда и припадна на Фатма Бајрам Аземовска од Битола, основач на здружението “Сумнал“ Битола.
Лансирана во 2014, ЕУ наградата за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција има за цел да ја нагласи важноста на интеграцијата на Ромите во процесот на проширување на ЕУ и да ја покаже определбата и посветеноста на ЕУ за подобрување на социјалната инклузија на Ромите. Со наградата, ЕУ ги препознава напорите за зајакнување на Ромите за да го достигнат својот целосен потенцијал како целосни членови на општествата во кои живеат и каде што работат. Наградата ќе овозможи финансирање на идни проекти и можности во корист на Ромите.