#NVO #Roma ki Lumia #Roma ki MK

Ѓорѓиевски: Следува инфраструктурен бран во Бутел – кружен тек, нови улици и мега парк Date: 07/10/2025

Изградба на нов кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, целосна реконструкција на неколку клучни улици и рекултивизација на реката Серава – се дел од проектите што денеска ги претстави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

На прес-конференцијата во Бутел, заедно со актуелниот градоначалник Дарко Костадиновски, кој повторно ја доби довербата на својата партија да се кандидира за втор мандат, Ѓорѓиевски истакна дека овие проекти се насочени кон подобрување на безбедноста, мобилноста и квалитетот на живот на жителите.