Јавен повик за ангажирање на снимател

Датум: 17.09.2024

Здружението на жени ромки „ЕСМА“  Шуто Оризари Скопје во рамките на проектот: “Ромите и медиумската писменост“ подржан во рамките на проектот “Заедно за поквалитетно локално новинарство“ финансиран од Европската Унија објавува:

Јавен повик за ангажирање на снимател

 Проектот „Ромите и медиумската писменост“ преку одржување на работилници и обуки  има за цел да ги мотивира и зајакне капацитетите на младите Роми и новинарите од  локалниот медиум 24 Вакти од Општина Шуто Оризари кои потоа ќе промовираат дигитална, медиумска писменост и слобода на говор.

Како граѓанска организација и иницијатор на позитивните промени, даваме придонес во промовирање на медиумската писменост кај младите Роми преку подигнување на свеста и едукација за поголема активност и учество во јавниот живот.

Се залагаме да ја подигнеме јавната свест за индивидуалните ставови и верувања, и да ја поттикнеме соработката помеѓу Локалните ГО, локалните медиуми и локалните претставници.

 Работни задачи и одговорности на екепeртот:

– снимањата на 4 видео поткасти со времетраење од 60 минути.

Потребни квалификации:

– Средно или универзитетско образование;

– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;

– Најмалку 3 годишно искуство во снимање на видеа и/или видеа подкасти;

– Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат

различностите.

– Познавање на ромски јазик.

    Потребни документи:

Биографија (CV) со детален опис за поле на експертиза;

Предлог финансиска понуда.

Период на реализација на работниот ангажман: октомври, 2024 година

1.1.   Право на учество

  • Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени во огласот погоре.

1.2  Критериуми за избор

  • Критериум за избор е според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“ (т.н. best value for money-quality ratio).
  • Избор на понудувачи
  • Договорниот орган ќе го избере понудувачот чија понуда нуди најдобар однос помеѓу квалитетот и цената. Вкупниот број на бодови изнесува 100 бода. Квалитетот носи максимални 80 бодови, додека цената носи максимални 20 бодови.

Рокот за доставување на потребните документи е пет работи дена односно од денот на објавување на јавниот повик до денот на доставување најдоцна до 23.09.2024 година.

Потребните документи да се достават на е-маил zdruzenie.esma@gmail.com или директно до Здружението на жени Ромки Есма Скопје, Шуто Оризари (ул. Брсјачка Буна бр.6) најдоцна до 23.09.2024 год. Лице за контакт е Надире Селман, моб. 076221717

Проектот “Ромите и медиумската писменост“ е грант кој што го спроведува, Здружението на жени ромки ЕСМА Скопје, а е финансиран во рамки на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ спроведуван од Здружение Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, Гостивар во партнерство со Институтот за човекови права преку IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Related post