Видео: Јакимовски во Шуто Оризар: Зошто не се спроведува законот за извршители и да се стопира нивното дивеење
И актуелниот претседател и останатите претседателски кандидати, цело време устата им е полна со правна држава, со право, со правда, како тие ќе ја подобреле работата на судови, на едно, на друго, но во ни еден момент не споменуваат зошто не го спроведуваат овој закон што е донесен за извршителите и да се стопира нивното дивеење, односно да може да се наплатува на луѓе долгови коишто се постари од 10 години.
Тоа никогаш не било во Република Македонија и се успеа да се донесе таков закон и истиот закон не се применува и натаму извршителите практично ги осакатуваат особено најсиромашниот слој на Република Македонија, а тука секако дека спаѓаат и пензионерите. И за некој долг од 2, 3 илјади денари, станал долг од 150, 170, по 200 илјади денари, за луѓе клои зимаат плата или пензија по 16 или 20 илјади денари, 200 илјади денари се цела планина.
Јас како претседател на Република Македонија ќе инсистирам овој закон дословно да се почитува и да се стопира ова дивеење на извршителите, затоа што се во најсериозна опасност 83 илјади семејства и тоа сѐ се сиромашни семејства со ниски примања. И затоа сметам дека ова дивеење на извршителите не смее да продолжи, но во исто време срам е за сите претседателски кандидати и за актуелниот претседател зошто не исистира овој закон дословно да се почитува, порача од Шуто Оризари кандидатот за претседател од коалицијата „ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА„ Стевчо Јакимовски.