Угостителите го подготвија предлог-протоколот за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови, кој ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести, било договорено на средбаta со вицепремриот Битиќи и директорот на пазарниот инспекторат Пауновски.
Од 15. март 2020 имаме забрана за свадби, крштевки…Броиме финансиски загуби за режиски трошоци.Очекуваме доколку за скоро време не се дозволи наше отворање – да дојдеме до стечај, вели Марија Синадиновска Арсовска, Иницијативен одбор на ресторани за организирање настани во Студио 10 на ТВ24.
Над 6.000 луѓе работат во оваа дејност, ова е комплексна индустрија, во која сме засегнати. Направивме серија протести, пред владата гостин ни беше министерот Битиќи, побаравме средба. Побаравме дозвола за отворање, побаравме и времен протокол за свадби и организирани настани кои вклучуваат музика и поголем број на луѓе. Едно од барањата беше безусловна поддршка за придонеси и плати за вработените, и за последното барање ни беше да добиеме грант помош. Ако имаме сала за 500 гости, можеме да направиме организирана веселба со 250 гости, би се запазиле протоколите. Спорен е моментот што немаме добиено датум со временска динамика за отворање на нашите капацитети. Ги ставаме во заблуда сите младенците од минатата година, но и новите на кои не можеме да им дадеме насоки“ , вели Синадиновска Арсовска.
Постојат места во Скопје познати по богатата ромска традиција, а кои денес се заборавени. Навраќањето кон тие заборавени места и обичаи ги оживува спомените за едно старо Скопје, со неговата специфична боја и атмосфера. На нив треба да се потсетиме бидејќи се дел од богатата историја на градот.
Ромите особено се познати по празнувањето на Ѓурѓовден, со што симболично се одбележуваат новиот живот и доаѓањето на пролетта. Не случајно овој празник се поврзува со светиот великомаченик Георгиј, а нашите етнолози и фолклористи велат дека станува збор за пролетен празник (во основата е празнувањето на природата), кога повторно се буди целата вегетација.
Во суштина, не славело само христијанското туку „целото население во Македонија“, како што се вели во толкувањата по повод ова празнување.
Во природа, во една шумичка на Калето кај Француските гробишта, со години Ромите го прославуваа Ѓурѓовден. Тоа место стана славно токму поради оваа прослава (режисерот Бранко Гапо има снимено и документарен филм). За жал, таквата традиција на тоа место денес е прекината, за што со носталгија зборуваат сите жители на тој крај.
Но малку е познат или сосема е заборавен податокот дека пред Втората светска војна, Ромите на друго место во Скопје ги одбележувале Ѓурѓовден и новото раѓање на природата. Имено, тие масовно и со свој препознатлив и специфичен стил празнувале и се собирале во паркот „Идадија“, пред кафеаната „Кермес“.
Тука, во таа прекрасна природа, жените во својата најубава носија, а мажите во елегантни костуми, бели кошули, вратоврски и фесови, ја искажувале својата голема дарба за музика, за песна и танц. Тоа може убаво да се види и на оригиналните фотографии што ги објавуваме, а кои потекнуваат од тоа време.
Од деталите на фотографиите се гледа дека во просторот пред кафеаната се танцувало, но и се празнувало со адетите што ги подразбирал празникот.
Во записите на еден очевидец на тоа празнување во 30-тите години на минатиот век се откриваат многу интересни детали. Тој е воодушевен и не ги штеди своите пофалби и богатите описи од прославата на Ромите пред кафеаната „Кермес“. Притоа, се потенцира славеничкиот занес на скопските Роми во одбележувањето на празникот. Тоа било еден вид ромски „кермес“ (самиот збор кермес значи еден вид прослава, забава, собирање). Тој кермес се одвивал во знакот на тапанот, зурлата, гајдата и богатите ромски песни и игри.
Во еден миг од прославата, музиката и танцот достигнувале климакс. Лудо, страсно, биеле тапаните, пиштеле зурлите. До бесвест. Шамичињата летале фрлени во височина, а колениците на танцувачите се подвиткувале во ритамот што го диктирал „даули“ (тапанџијата), допирајќи ја земјата. Даули потскокнувал, стрелајќи со очите и со целото свое битие, давајќи му такт на ороводецот.
„Мајсторски, мајсторски бие даули во својот тапан“, запишал хроничарот на тоа време. Давајќи такт, тој сликовито ја кревал раката, создавајќи честопати, само од два такта, една навистина ајдучка игра – „тешко ајдучко оро“. Пластично се виткале телата на играчите, а даули сѐ побрзо и побрзо удирал во својот тапан. Потоа, само со еден единствен удар – „срцата се спојувале“.
Еве уште еден прекрасен опис за тоа што се случувало за Ѓурѓовден пред кафеаната „Кермес“. Во долги колони, празнично облечени, Ромите оделе кон паркот „Идадија“, во слава на пролетта и на нивниот најголем празник. Според тогашната традиција, за ваквите прослави, импровизирано и симболично, „се наплатувала влезница“, по системот „Кој колку ќе даде…“.
Ромите, кои масовно оделе кон паркот, брзо се фаќале за оро и така создавале сцени „достојни за филмовите на Ајзенштајн и Пудовкин“. Може само да се замисли колку оваа споредба е голем комплимент за музичката и танцувачката уметност на Ромите. И уште понатаму: „Хармоничниот збир од телата и острата ритмика на играта придонесуваа човекот да ја почувствува суровата, грубата, занесна убавина“.
Целото ромско маало било расположено како ниту еден друг ден во годината, се танцувало, се јадело, се пиело. Тој ден потоа можеби ќе се одработувал цел месец. Еве карактеристични стихови на ромска песна од прославата за која зборувавме, а кои во превод гласат:
„Направи ми, Господе, еден голем славеј, за да ми се спушти на пискулот од фесот“
Prekal o havljarina taro o organizatori akaleske tradicionalno festivali „Roma Truba fest“ o Samet Salievski thaj o KUD Rushid Shakir ka ikerel pe ko 27 avgusti 2020 bersh startea taro 19:00 o ari .
Sar sako berš akava da oleskiri lokacia si o Ploštadi ko Kumanovo. Trujal so ka len than terne talentirime pleh orkestaria isi havljarina kaj odoja rakj ka oven thaj buteder specijalno misafiria.
Aso dži akanutne havljarina odoja rakj sar specialno misafiria than ka len em o Orkestar Kočani, O orekstar taro Uska Kan Kanturov, Orkestari tari Kemi Asanov, Nukiš Bend, em o pendžđardo em megapopularno orkestar taro Džambo Agušev.
Dikhen pobuter ko TIESER koj ka ovel misafirija prvicna oficijalna…
разничниот продолжен викенд го преполни Охрид со туристи од целата земја, но донесе и неодговорно однесување и непочитување на протоколите.
По социјалните мрежи масовно се споделуваа слики и видеа од преполни плажи и кафулиња, каде се гледа дека нема простор да се одржува безбедно растојание ниту пак се носат маски.
„Слободен печат“ пишува дека за журките на Градиште се поднесени две пријави.
„Во овој продолжен викенд, заедно со колегите од Скопје и од одделението во Гостивар, со петнаесет инспектори направени се 75 надзори во 2 дена. На подрачјето на Охрид имаме 2 кривични пријави по членот 206 од Кривичниот Законик конркетно за журки во Градиште, на плажите два и три. На подрачјето на Струга во кафуле покрај Дрим постапивме, но наидовме на попречување па полицијата се вмеша во случајот и се преземаат дополнителни мерки”, велат од Пазарниот инспекторат одделение Охрид, за „Слободен печат“.
За масовните собири реагираше и министерот за здравство Венко Филипче, кој напиша дека лежалката од плажа лесно може да се замени со болнички кревет, бидејќи вирусот не е на
Трговскиот центар „East Gate“ кој е дел од мултифункционалниот проект „Skopje East Gate“ се очекува првите посетители да ги има во соктомври или ноември следната година за кога е планирано негово отворање. Ова беше соопштено на потпишувањето договор за заокружување на финансиската конструкција.
Трговскиот центар кој се гради на местото на поранешниот Скопски Саем ќе биде најголем во регионот. Најавено е дека ќе ја има најголемата „Зара“ во регионот на површина од 4.700 метри квадратни
Со почетокот на корона епидемијата стана задолжително носењето маски речиси насекаде. Во продавница, во банка, во трговски центар, на пазар, па дури и во автомобил доколку не се возите сам во возилото
Голем дел од возачите се навикнаа маските да ги оставаат на автомобилот за да им бидат веднаш при рака кога ќе влезат во возилото.
Но, лекарите предупредуваат дека тоа е лоша навика бидејќи постои опасност од други врсти на инфекции.
Се штитиме од Ковид но сите носиме и микроорганизми кои остануваат на маските и повторно можат да се вдишат, советува д-р Предраг Кон.
Модните дизајнери брзо се вклучија во борбата против ковид-19 и преку дизајнирањето маски заработуваат многу пари. Други ја искористија ситуацијата за да го искажат своето политичко мислење, па може да видите и маски со национални знамиња и пораки. Денес, маските откриваат многу за личноста што ги носи. Но, и оние што не носат маска испраќаат јасна порака дека се неодговорни, несоработливи и дека не можете да сметате на нив.
1. Смешна маска
Ако веќе мора да се носи маска, тогаш нека биде интересна – така мислат луѓето кои секогаш имаат позитивен став кон животот.
2. Зелена маска
Обична зелена маска купена од аптека носат луѓето кои се сигурни, приспособливи и одговорни.
3. Шарена маска
Луѓето кои секој ден успеваат да носат маска во склад со гардеробата што ја носат, заслужуваат многу пофалби. Овие луѓе се грижат за својот изглед и успеваат да го извлечат максимумот од секоја ситуација.
4. Детски дезен
Маските со пораки се интересни, но ако сте возрасни и носите маска со детски дезен, тоа значи дека сте незрели. Ова е особено точно за луѓето кои имаат неколку вакви маски и ги менуваат секој ден. Од друга страна, ако некој има една таква маска што ја добил како подарок, за него не важи оваа карактеристика.
5. Дизајнерски маски
Без разлика дали се оригинални или кинески, често можете да видите луѓе како носат маска со натписот на некој бренд. Овие личности се „модни робови“.
Топлите денови не можат да се замислат без клима уред. Тој го разладува приватниот и работниот простор и ви овозможува дневните активности да ви поминат полесно, а сонот навечер ви трае подолго и без прекин.
Но, освен што може да ви го разлади одредениот простор, важно е да знаете дека со помош на клима уред може да го прочистите просторот и да направите да мириса убаво.
За да биде исполнет со мирис просторот во кој секојдневно престојувате во летните денови, без користење на миризливи свеќи или апарати кои се приклучуваат во струја – може да искористите неколку парчиња хартија, секако во комбинација со клима уред.
Како со помош на клима уред да го исполните домот со омилениот мирис од природата
Под отворот од кој струи ладен воздух на клима уредот, со помош на самолеплива трака залепете парче хартија кое претходно сте го натопиле со омиленото етерично масло (не треба да се претера со тоа).
Струењето на воздухот и мирисните ноти ќе се шират низ просторијата. Може да си изберете мирис по желба, а доколку сакате опуштена атмосфера во вашиот дом, тогаш ве советуваме да изберете етерично масло од лаванда.
Исто така, важно е да знаете дека воздухот ќе ја прочисти просторијата доколку искористите еукалиптус и нане, додека пак сите етерични масла ќе придонесат во подигнување на расположението.
Комисијата за заразни болести не даде зелено светло за организирање на свадби и веселби во угостителските објекти.
Заклучокот е дека не се створени услови за организација на ваквите настани со оглед на моменталната епидемиолошка состојба која се манифестира со зголемен број на потврдени случаи на Ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека за една недела ќе се донесе соодветна одлука за организирање на свадбите.
„Претставници на организацијата ХОТАМ побараа да се организираат свадби. Се разгледуваа протоколите коишто тие ги предлагаат, меѓутоа заеднички беше заклучено дека треба да помине уште најмалку една недела, што значи дека за една недела ќе се донесе соодветна одлука за организирање на свадбите“, наведе Филипче.
Минатата недела Владата дозволи да се организираат концерти на отворено со преполовен капацитет, задолжително носење маски на сите гости и продавање карти онлајн за да не створаат гужви на билетарниците.
Jekh medicinsko sestra sine ko dejstvo na alkohol vozinga cela 11km ko avtopat ki sprotivno nasoka,
Medicinska sestra Ema Dejvis ki policija priznanga deka pila vino pret te besel ko vrda Polo hem poslem te vozinel ko avtopat M4 te dzal peske kere pase ano Kardif ko Vels.
Medicinsko sestra kerela buti ki bolnica basho mentalno sastipa priznanga pi greska.
Ema tani osudimi ano 12 masek opstestveno korino buti hem paricna kazna taro 920 funte.
Bari sreka tani so i mati Ema ko piro vrda na kerga ni jek nesreka ko drumo vozindor ki sprotivno nasoka.
Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk