Онлајн курс по ромски јазик и култура!

Од 1 октомври 2024 година започнува онлајн курс по ромски јазик и култура, кој ќе трае до крајот на декември 2024. Ова е одлична можност за сите заинтересирани Роми и не-Роми со завршено средно или факултетско образование!
Курсот е организиран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и ќе биде воден од проф. д-р Јусуке Суми и м-р Даниел Петровски. За сите кои ќе го завршат курсот, ќе биде издаден сертификат за почетно ниво А.
Курсот ќе трае 60 часа (двапати неделно по два часа).   Цена: 12.000 мкд. Рок за пријавување: 25 септември 2024.
Линк за пријавување: https://forms.gle/TVT3rkjuo6ohbHpH7
Сите пријавени освен преку формуларот, своите детали (име, презиме, е-маил, телефонски контакт) да ги испратат и на: office@iromaniunion.org
Не ја пропуштајте оваа можност да го збогатите вашето знаење! Споделете со сите заинтересирани!

Related post